ГРК Охрид го очекува голем предизвик во ЕХФ Купот против Олимпијакос во четвртфиналето.
Првиот натпревар се игра во Атина, додека реваншот е на 4 април во „Билјанини Извори“, за кој билетите веќе се пуштени во продажба по цена од 200 и 300 денари.
Од клубот се надеваат на полни трибини и силна поддршка, а во договор меѓу двата тима, дуелите ќе се играат без гостински навивачи.