Кошарка

КК Цибона ќе добие нов сопственик

КК Цибона ќе добие нов сопственик

Клубот официјално ќе биде трансформиран во акционерско друштво, а потоа ќе добие и сопственик.

На седницата на Собранието на Град Загреб следната недела ќе се најде одлука за преобликување на КК Цибона од спортско здружение во спортско акционерско друштво, пренесува хрватските медиуми.

„Одлуката доаѓа како резултат на долгогодишните напори на градската управа да се зачува Цибона како дел од загрепскиот идентитет, на начин што ќе овозможи одржлив опстанок на клубот врз транспарентни основи и без долгови, откако досегашниот модел на функционирање како здружение на граѓани доведе до неизвесност и акумулирани загуби“, порачаа челниците на Загреб.

Ова би значело дека Цибона, по години турбуленции и финансиска криза, ќе стане финансиски стабилен клуб.

Се очекува да добие нов сопственик, Виктор Додиг, канадски Хрват и истакнат банкар со влијание во глобалниот финансиски сектор.

To top