Фудбал Историска одлука

Поради грешка на ВАР ќе се преигра натпревар

Поради грешка на ВАР ќе се преигра натпревар

Во белгискиот фудбал се донесе историска одлука, натпреварот помеѓу Андерлехт и Генк кој се играше пред три дена ќе биде преигран поради грешка на ВАР.

Андерлехт во тој натпревар победи со 2:1, а причината за повторување на натпреварот е моментот кој се случи во 23-тата минута.

Тогаш напаѓачот на Генк, Јира Сор постигна гол. Имаше пенал за Генк, Шмајхел го одбрани ударот, а одбиената топка Сор ја смести во мрежата.

Во ВАР собата судиите реагираа сметајќи дека Сор влегол во шеснаесетникот пред Хејнан да го изведе пеналот.

Но, освен Сор во казнетиот простор имаше и уште двајца фудбалери на Андерлехт, па така според правилата пеналот требаше да биде повторен, а не голот да се поништи.

Генк поради тоа поднесе жалба и Дисциплинската комисија утврди дека клубот е во право и конечната одлука е натпреварот да се преигра.

To top