Ракомет

Браќата Душебаеви ќе играат во Бундеслигата!

Браќата Душебаеви ќе играат во Бундеслигата!

Германскиот ракометен клуб Мелсунген официјално го претстави своето ново засилување за наредната сезона, шпанскиот репрезентативец Даниел Душебаев.

Левиот бек ќе му се приклучи на бундеслигашот во текот на летото, откако како слободен агент ќе го напушти полскиот гигант  Кјелце.

Со новиот клуб, 28-годишниот ракометар потпиша договор со важност од три години.

Во својата кариера, Душебаев бележи значајни успеси на клупско ниво.

Со Келце освои бројни шампионски титули во Полска и имаше одлични настапи во куп натпреварувањата, а двапати стигна и до финалето на Лигата на шампиони во ракомет. За време на позајмицата во Целје, триумфира во шампионатот и Купот на Словенија.

To top