Македонија Поддршка на ЕУ за владеење на правото

Управата за извршување на санкциите: Примена на пробацијата ќе придонесе кон поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на сторителите во КПУ

Присутните имаа можност да ги разменат своите позитивни искуства од досегашната примена на пробацијата.

Управата за извршување на санкциите: Примена на пробацијата ќе придонесе кон поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на сторителите во КПУ

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов и претставници на Секторот за пробација денес присуствуваа на состанок со претседателот на Основниот суд во Штип Ацо Тасев и судии кои работат на кривична материја.

Состанокот е дел од планираните активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

На состанокот присуствуваа хрватските експерти-началникот на Секторот за пробација Горан Бркиќ, раководителката на пробациската канцеларија Загреб 1 Матеа Сршен и претседателката на судот во Госпиќ Дубравка Рукавина.

Притоа, присутните имаа можност да ги разменат своите позитивни искуства од досегашната примена на пробацијата, а воедно беше потенцирано дека поголема примена на пробацијата ќе придонесе кон поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на сторителите и кон намалување на преполнетоста на казнено-поправните установи.

Денес, директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов и претставници на Секторот за пробација…

Posted by Управа за извршување на санкции/Uprava za izvrsuvanje na sankcii on Thursday, March 19, 2026

Најнови вести од Македонија

To top