Познати Необични проблеми

Гвинет Палтроу за „саможртвата“ во име на високата мода

Во видеоприлогот на Јутјуб-страницата на нејзиниот бренд „Гуп“ (Goop), Палтроу ги сподели своите подготовки за „Црвениот тепих“, вклучувајќи и Фејстајм-разговор со својата ќерка Епл.

Гвинет Палтроу за „саможртвата“ во име на високата мода

Гвинет Палтроу привлече големо внимание на „Црвениот тепих“ на „Оскарите“, не само поради нејзиниот впечатлив изглед, туку и поради необичните проблеми што ги имала со фустанот.

Американската глумица имаше еден од највпечатливите настапи на свеченото доделување, и новообјавено видео „од зад сцената“ открива дека таа морала да биде „зашиена“ во фустанот, којшто имал елегантни засеци од страните, и покриени со сјајна проѕирна ткаенина. Палтроу се појави на овогодишните „Оскари“ првпат по повеќе од 10 години, облечена во бела тоалета – од модната куќа „Џорџо Армани приве“ (Giorgio Armani Privé), којашто „открива доста“… И според папараците.

Но, фустанот бил толку тесен и сложен што актерката, вели, тукуречи „морала да биде зашиена“ во него.

Во видеоприлогот на Јутјуб-страницата на нејзиниот бренд „Гуп“ (Goop), Палтроу ги сподели своите подготовки за „Црвениот тепих“, вклучувајќи и Фејстајм-разговор со својата ќерка Епл.

Поради фустанот, „оскаровката“ не можела „да оди во тоалет цела вечер“, како што, меѓу другото, самата призна. Се чини, сепак, Палтроу без поголем напор ја одигра својата улога на „Црвениот тепих“, и доделувањата, надополнувајќи го фустанот со дијамантски накит, бели потпетици и едноставна фризура. (МИА)

Најнови вести од Познати

To top