Свет изјава

Калас: Потребно е да се запре ескалацијата на Блискиот Исток и да се помогне на Украина

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е неопходно да се запре ескалацијата на Блискиот Исток по иранските напади, истакнувајќи дека ЕУ паралелно работи на поддршка за Украина и на обезбедување безбедна пловидба низ Ормускиот Теснец.

Калас пред состанокот на Европскиот совет, рече дека на дневен ред се клучни теми како енергетиката и единствениот пазар, но дека во фокусот се и случувањата на Блискиот Исток и во Украина, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во однос на ситуацијата на Блискиот Исток, таа наведе дека иранските напади врз енергетската инфраструктура на Катар дополнително ја влошиле состојбата. „Јасно е дека ни е потребен излез од оваа војна, а не нејзина ескалација“, рече Калас и додаде дека ЕУ почнала дипломатски контакти со Иран за да се најдат решенија.

Калас истакна дека Европската Унија соработува со Обединетите нации за обезбедување безбеден премин за бродовите низ Ормускиот Теснец, предупредувајќи дека моменталната несигурност го загрозува снабдувањето со нафта, гас, ѓубрива и храна, особено во Азија и Африка.

Во однос на Украина, Калас рече дека лидерите на ЕУ ќе го разгледаат прашањето за реализација на заемот за поддршка кој беше договорен во декември. „Време е да покажеме поддршка за Украина“, порача таа, додавајќи дека конфликтите на Блискиот Исток се поврзани со војната во Украина. Според неа, Русија има корист од актуелните случувања на Блискиот Исток, поради што, како што нагласи, е важно да се прекине тој конфликт за да се дојде до решение за Украина кое не подразбира нејзина целосна капитулација.

Најнови вести од Свет

To top