Занимливости Бил паркиран покрај автопат

15 тони гумени бонбони украдени од камион во Германија

15 тони гумени бонбони украдени од камион во Германија

Контејнер со 15 тони гумени бонбони со овошје е украден од камион паркиран на автопат во Германија, соопшти полицијата.

Возачот го оставил камионот на бензинска пумпа на автопатот во близина на северниот град Нојштат-Глеве околу 7:45 часот наутро во вторник. Кога 41-годишникот се вратил околу 8:45 часот наутро, контејнерот го немало, заедно со бонбони во вредност од 250.000 евра.

Сè уште не е познато како крадците успеале да го подигнат контејнерот од камионот сред бел ден без да бидат забележани. Полицијата започна истрага.

To top