Свет војна

Абу Даби ги затвори гасните капацитети по пресретнување ракети

Властите во Обединетите Арапски Емирати ги затворија гасните капацитети во емиратот Абу Даби по ракетен напад.

Абу Даби ги затвори гасните капацитети по пресретнување ракети

Властите во Обединетите Арапски Емирати ги затворија гасните капацитети во емиратот Абу Даби по ракетен напад.

„Властите реагираат на инцидентите во гасните капацитети Хабшан и на полето Баб, предизвикани од паѓање на остатоци од успешно пресретнување ракети“, соопшти владата во Абу Даби рано утрово.

„Гасните капацитети се затворени и не се пријавени штети“, се додава во соопштението, без да се наведат дополнителни детали за природата или степенот на штетата.

Засега е нејасно колку долго капацитетите ќе останат затворени, пренесува ДПА.

Изјавата, објавена од канцеларијата за комуникации на Абу Даби на социјалната мрежа Х, не прецизираше кој е одговорен за нападот.

Иран постојано гаѓа локации во Емиратите од почетокот на војната на Блискиот Исток пред повеќе од две и пол недели.

To top