Во Скопје се одржа свеченото отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“, финансиран преку ИПА 2024 инструментот на Европската Унија.
Проектот, со вкупна вредност од 1,5 милиони евра и времетраење од 30 месеци, има за цел да ја модернизира и усогласи националната регулатива со европските стандарди во областа на здравјето на растенијата.
Денес, 18 март 2026 година се одржа свечено отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен…
Posted by Igor Conevski on Wednesday, March 18, 2026
Проектот ќе се спроведува во соработка со надлежните служби од Италија, Грција и Хрватска, кои ќе пренесат искуства и добри практики во областа на фитосанитарната политика.
Поддршката опфаќа креирање на политики и законска регулатива, официјални контроли, лабораториски анализи и управување со производите за заштита на растенијата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде главен носител на активностите, со цел да се обезбеди поголема безбедност на земјоделското производство и конкурентност на македонските производи на европскиот пазар.
Со овој проект, Македонија прави значаен чекор кон зајакнување на институционалните капацитети и приближување кон европските стандарди за безбедност и квалитет во земјоделството.