РФМ одржа редовна седница на Управниот одбор, а на неа имаше повеќе теми на дневниот ред.
Формирани се две нови репрезентации за момчиња до 13 и 15 години. Селектор на најмладата селекција ќе биде легендата Филип Миркуловски, додека на повозрасната е поставен Никола Матлоевски.
Федерацијата одлучи дека ќе се пресели во нови канцеларии кои би биле во склоп на СЦ „Јане Сандански“.
Од друга страна, старите канцеларии би требало да се направат сместувачки капацитети кои ќе се користат за национаните селекции на Македонија.