Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија одржа редовна седница на која имаше вкупно девет точки за расправа.
Меѓу другото, Управниот одбор го одбра и градот домаќин на завршниот турнир во Купот на Македонија. Иако претходно се споменуваа Охрид и Битола како реални дестинации за завршницата на Купот, сепак одбран е изненадувачки град домаќин.
Борбата за трофејот во Купот на Македонија ќе се одржи во салата „Парк“ во Струмица. Одреден е и терминот, а тоа ќе биде 17 до 19 април. Учесници ќе бидат бранителот на трофејот Вардар, Е.Пелистер, Охрид и Алкалоид.
Освен машкиот турнир, во Струмица ќе се одржи и женскиот завршен турнир во Купот.