Хроника

Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На 17.03.2026 во 22:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.К.(25) од с.Мороишта, струшко и патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишната С.Ш. од с.Мислешево, струшко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ш., додека нејзиниот 41-годишен сопатник Д.С. од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

To top