Македонија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Димитровски: Инвестициите во енергетиката и поврзаноста во фокус

Меѓународниот форум за ИМЕК во Трст

Димитровски: Инвестициите во енергетиката и поврзаноста во фокус

Заменик министерот Димитровски, по одржувањето на Конференцијата на ЦЕИ во Трст, учествуваше и на Меѓународниот форум „Развој на перспективите на индо‑медитеранот, преку Коридорот Индија–Блиски Исток–Европа (IMEC)”.

На настанот, кој го отвори потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани учествуваа претставници на влади и високи претставници на институции и деловни делегации од Европа, Индија, Блискиот Исток, САД и од Балканот.

Заменик министерот Димитровски се обрати на панел дискусијата посветена на енергетиката, на која потенцираше дека во услови на тековната криза на Блискиот Исток, функционирањето на овој коридор е стратешки значаен за овозможувањето непречен проток на енергенси меѓу Азија и Европа.

За Македонија, како земја со ограничени домашни извори и висока увозна зависност, енергетската поврзаност и регионалната соработка се клучни предуслови за економска стабилност и долгорочен развој.

Во таа насока, заменик-министерот Димитровски ги истакна напорите на Владата за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор. Тој посебно се осврна на развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и зајакнувањето на регионалните енергетски коридори, потенцирајќи ги како особено важни за позиционирање на земјата како значајна транзитна и инвестициска дестинација во регионот.

Најнови вести од Македонија

To top