Македонија на гробиштата во Ѓорче Петров

Утре ќе биде погребан чичко Драги

Утре ќе биде погребан чичко Драги

Драган Пароски познат како чичко Драги од Рекорд ќе биде погребан утре, четврток, на гробиштата во Ѓорче Петров. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 11 часот.

Речиси секој скопјанец го познаваше чичко Драги, човекот кој со години на Рекорд на неговата мала импровизирана тезга продаваше стегачи, шноли, штипки за коса, ланчиња. Околу него секогаш имаше кучиња, улични миленици кои тој ги спасил и за кои секојдневно се грижеше.

Неговиот дом беше засолниште за повеќе од десет кучиња од улица. Колку што имаше за себе, толку имаше и за кучињата.

Чичко Драги на почетокот на февруари преку Фејсбук објави дека го чекаат две операции и побара помош од добрите луѓе. Веќе следниот ден се огласи со нова објава пишувајќи дека собрани се доволно средства за неговите операции и се заблагодари. Претходно поради тешка здравствена состојба и операција, го загуби гласот.

Најнови вести од Македонија

To top