Останати спортови

Девин Хејни и Роландо Ромеро блиску до меч за обединување во Лас Вегас

Девин Хејни и Роландо Ромеро блиску до меч за обединување во Лас Вегас

Светските шампиони во полусредна категорија Девин Хејни и Роландо Ромеро се приближуваат кон обединувачки меч што би можел да се одржи на 30 мај во Лас Вегас вест која  ја објави новинарот на „Ринг“, Мајк Копингер.

Носителот на појасот на ВБА, Роландо Ромеро, веќе објави дека потпишал договор за борбата. Последен пат се бореше во мај минатата година, кога го победи Рајан Гарсија, по што не влезе во рингот.

Во меѓувреме, Ромеро успеа да ја избегне задолжителната одбрана на титулата против Шахрам Гијасов, веројатно за да се подготви за обединувачкиот меч.

Шампионот на ВБО, Девин Хејни, ја освои титулата во ноември и е заинтересиран и за реванш со Рајан Гарсија.

Промотерот на Гарсија, легендарниот Оскар де ла Хоја, исто така коментираше за можноста за втора борба меѓу Хејни и неговиот боксер.

„Нема официјални вести, но лично мислам дека тоа треба да биде следната борба. Девин Хејни докажа дека заслужува реванш“, рече де ла Хоја.

Тој му посака среќа на Ромеро, но ја забележа интересната ситуација меѓу тројцата борци.

„Тој го победи Рајан, Рајан го победи Девин – исто како во времето кога најдобрите се бореа против најдобрите“, додаде де ла Хоја.

To top