Кошаркарската федерација на Македонија им се заблагодари на двете, сега веќе поранешни репрезентативки кои оставија исклучителен белег низ настапите за дресот на женската репрезентација на Македонија.
Пред почетокот на натпреварот со селекцијата на Хрватска, во салата „Градски парк“, Анџелика Митрашиновиќ и Нена Трајчевска добија посебно врамени дресови, оние кои долго време ги носеа како дел од женскиот национален тим на Македонија.
Митрашиновиќ му кажа „збогум“ на активното играње на кошарка во текот на оваа натпреварувачка сезона.
Се прости од националниот тим како најдобар стрелец во овој квалификациски циклус, во кој ги одигра последните три мечеви за сениорската селекција чиј дел беше цели 15.години.
Почнувајќи од Европското првенство за „мали земји“ во 2012 година, преку квалификациите за Европските шампионати во 2013, 2014, потоа и во 2019, 2023 и 2025 година, пред овие последните во кои оствари просечни 17,3 поени, 9,7 асистенции и 7,7 скока.
Во својата долга репрезентативна кариера (од 2012 до 2027 година), Митрашиновиќ одигра вкупно 32 натпревари за сениорскиот национален тим. И ќе остане запаметено дека ги заврши со просечни 12,2 поени, 4 скока и 3,2 успешни додавања.