Фудбал по несреќата во дискотеката во Кочани

Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров

атпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал.

Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров

Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот.

Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал.

Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер на Шкупи, а во својата кариера настапуваше за Работнички и Тиквеш, а имаше и интернационална кариера во Хрватска, екипите на Рудеш и Горица.(МИА)

🔴⚪️ ФК Работнички на 29 март, со почеток во 13 часот, ќе одигра Меморијален фудбалски натпревар против ГФК Тиквеш во…

Posted by ФК Работнички on Tuesday, March 17, 2026

Теми на денот

To top