Поради добриот настап на Европското првенство нашата селекција го прескокнува првиот бараж за следниот Мундијал, па празниот период го искористи за тест со квалитетен ривал.
You are here
Лазаров: Австрија ќе биде добар тест за нас и шанса за докажување на дел од играчите
• Иван Димовски

Ракометарите на Македонија се собраа во Скопје во пресрет на пријателскиот натпревар против Австрија. Поради добриот настап на Европското првенство нашата селекција го прескокнува првиот бараж за следниот Мундијал, па празниот период го искористи за тест со квалитетен ривал.
Реклама
На првиот собир селекторот Кирил Лазаров ги сподели своите очекувања. Тој го објасни изборот на играчи, нагласувајќи дека целта на овие собири освен воигрување е да се пронајдат нови имиња за репрезентацијата.
„Пред се треба да бидеме задоволни што го избегнавме првиот бараж со квалитетниот настап на Европско првенство. Ќе имаме шанса порелаксирано да се обидеме нешто да направиме, да ја надоградиме базата и да пробаме со некои нови играчи кои би можеле да играат во иднина. Ќе видиме во каква ситуација сме против квалитетен противник. Сигурно нема да одиме да загубиме, ама резултатот секако ќе биде во втор план. Ќе пробаме некои работи кои би ги користеле во баражот во мај. Чекаме да видиме кој ќе ни биде ривал за квалитетно да се подготвиме.
Во репрезентацијата во секој слободен момент треба да се проба нов играч, да видиме како ќе се покаже и да знаеме дали можеме да го користиме во иднина на големите натпреварувања. Не сакам да зборувам детално, дел од отсутните побараа одмор, дел се повредени. Како што кажав, во секој момент ќе уфрлуваме нови потенцијални репрезентативци. Треба да видиме дали ќе одговорат на потребите за настап на Европско или Светско првенство.
Одбравме квалитетен противник на гостински терен, бидејќи нашиот прв бараж меч го играме како гости. Ова ќе биде добра припрема за тој бараж. Австријците се квалитетни и на доста посилни од нас им направи проблеми, одиграа добри натпревари со Германија и Србија..“, изјави Лазаров.
