Ракомет

Ракометарите се собраа во Скопје пред дуелот со

Ракометарите се собраа во Скопје пред дуелот со

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе го искористи празниот ЕХФ прозорец во март за да тестира против селекцијата на Австрија.

Пред нашите момци е тест на силите за претстојниот бараж за Светското првенство кое се игра следниот јануари.

По завршувањето на клупските обврски овој викенд, репрезентацијата се собра во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Селекторот Кирил Лазаров иако е пријателски меч повика силен ростер на играчи, но ќе недостигаат неколку важни имиња. Поискусните Митревски, Пешевски и Маркоски се отсутни, повреден е Ѓорѓиев, додека отпадна и Марко Стојковиќ. На неговото место пред собирот беше повикан Кристијан Анастасовски од Вардар.

Македонија ќе одржи неколку тренинзи во Скопје, а потоа ќе отпатува за Брегенц каде што на 21 март во 18:00 часот е закажан дуелот со Австријците.

To top