Останати спортови

Историја за Македонија: Зоран Јовановски прв параолимпиец на ЗОИ!

Историја за Македонија: Зоран Јовановски прв параолимпиец на ЗОИ!

Македонскиот олимпизам доби нов историски момент, бидејќи Зоран Јовановски стана прв наш претставник на Зимските параолимписки игри во Милано и Кортина.

Јовановски настапи во дисциплината слалом (мажи, седење).

Во тешките услови македонскиот параолимпиец ја мина патеката со време од 1:33,58 минути. Сепак, по пристигнувањето на целта неговиот резултат беше поништен поради промашена капија.

Јовановски мора да биде горд на својот настап. Македонија го доби првиот параолимпиец на едни Зимски параолимписки игри, па неговиот настап ќе биде испишан во нашата спортска историја.

 

To top