Кошаркарите МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер забележаа победи во натпреварите од 19.коло во Супер лигата.
Двата тима успеаја да ја оправдаат улогата на фаворити во дуелите против Тиквеш и Гостивар, но многу потешко од очекуваното.
На натпреварот одигран во Јане Сандански, актуелниот шампион МЗТ Скопје го победи кавадаречки Тиквеш само со три поени разлика 88-85.
Најефикасен беше Смит Мексвејн кој постигна 18.поени, Гил уфрли 16, еден помалку имаше МекКејден.
Дуелот пак во Битола, во кој Пелистер го пречека Гостивар, заврши со 4 поени позитива во корист на домаќините 90-86. Американецот, Дејвис со 24 поени беше прв стрелец на натпреварот во во победничката екипа, за која Малешевиќ додаде 18.
Сега шампионот МЗТ Скопје е лидер на табелата со 36 поени, два повеќе од ТФТ кој својот натпревар од ова коло со Куманово на гости ќе го игра во петок.
Екипата на Пелистер се зацврсти на третата позиција со 33 бодови, четири повеќе од Маџари и Кожув.