Ракомет

Македонија од вториот шешир ги дознава ривалите за ЕП 2028

Македонија од вториот шешир ги дознава ривалите за ЕП 2028

Машката ракометната репрезентација на Македонија на 26 март ќе ги добие ривалите за квалификациите за ЕП 2028 во Шпанија Швајцарија и Португалија објавија од ЕХФ.

Македонија според рејтингот ќе биде во вториот шешир заедно со репрезентациите Австрија, Холандија, Фарски Острови,Србија, Полска Чешка и Италија.

  • Шешири за ЕП 2028, квалификации:

Прв шешир: Германија, Хрватска, Исланд, Шведска,Франција,Норвешка Унгарија и Словенија.

Втор шешир:
Македонија, Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка, Италија

Трет шешир:
Литванија Босна и Херцеговина,Белгија, Грција, Украина, Романија Грузија и Црна Гора.

Четврти шешир:

Естонија, Летонија, Турција,Косово Луксембург Израел Финска и  Словачка

Ждрепката е закажана со почеток од 19:00 часот во Лисабон. Во квалификациите ќе играат 32 селекции поделени во осум групи, а на континенталниот собир ќе настапат вкупно 24 репрезентации.

To top