Фудбал

Иран официјално не се откажал од настап на Мундијалот

Иран официјално не се откажал од настап на Мундијалот

Азиската фудбалска конфедерација соопшти дека досега не добила никакво официјално известување од Иран дека планира да ја повлече својата репрезентација од СП во фудбал, пренесува Ројтерс.

Иран веќе обезбеди пласман на Мундијалот, кој за првпат во историјата ќе се одржи во три земји, Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули. Според распоредот, иранската селекција треба да одигра два натпревари во Лос Анџелес и еден во Сиетл.

Сепак, претходно министерот за спорт на Иран изјави дека постои можност репрезентативците да не можат да настапат на турнирот, поради безбедносни причини, откако САД и Израел извршија воздушни напади врз Техеран.

Минатата недела и претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран е добредојден на шампионатот, но додаде дека можеби не е најсоодветно да учествуваат поради сопствената безбедност.

To top