Музика нејзиниот совршен спој

За Јованка Јо никогаш не е доцна за – “Љубов за три животи“

„Љубов за три животи“  е најновата песна на пејачката Јованка Јакимоска која што ги спојува емоциите и пријателството преточени во музика.

За Јованка Јо никогаш не е доцна за – “Љубов за три животи“

„Љубов за три животи“  е најновата песна на пејачката Јованка Јакимоска која што ги спојува емоциите и пријателството преточени во музика.

Станува збор за балада која е комплетно авторско дело на Ефтимија Јованова, додека видео записот е  реализација на Стефан Рајхл и Александар Пауновски, додека како актери во истиот се појавуваат Деа Рајхл и Даниел Коцев.

– Песната „Љубов за три животи“ се роди спонтано, како спој на мојата емоција во пеењето и стилот на авторката Ефтимија Јованова. Првата инспирација дојде од мојата внука, која сакаше повторно да ја слушне песната. Од снимањето секоја сцена беше полна со емоција, професионализам и убава атмосфера. Голема благодарност до сите што помогнаа оваа приказна да оживее и до новинарите што ја пренесуваат уметноста со љубов и поддршка, вели Јованка за Вистина.мк и додава дека тука не застанува со работа на своето музичко претставување.

– Со Ефтимија веќе работиме и на нови проекти, планирани за 2026 година, па чекор по чекор се движиме кон идејата за цел албум, додава таа за следните музички планови.

Инаку, Јованка Јакимоска која се претставува и под имаето Јованка Јо, на јановста и стана поппозната и со учеството во музичкиот натпревар за возрасни „Никогаш не е доцна“ од 2024 година.

Најнови вести од Музика

To top