На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран“ патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија, информира МВР.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.