Кошарка

Џеди Осман е МВП на колото во Евролигата

Џеди Осман е МВП на колото во Евролигата

Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман е прогласен за МВП на 31. коло во Евролига.

Осман блесна во победата на Панатинаикос против Жалгирис, постигнувајќи 24 поени, пет скока и три асистенции за 36 минути игра, со перфектен шут од поле (7/7). Неговиот настап беше вреднуван со индекс 36.

Иако Мамади Диаките од Басконија имаше повисок индекс (37), поразот на неговиот тим од Дубаи значеше дека признанието за МВП на колото му припадна на Осман, по вторпат во кариерата.

 

To top