Ракометарите на Охрид и на Алкалоид одиграа супер-драматична дерби-пресметка во 24.коло од плејофот на Суперлигата на Македонија.
На крајот дерби кое заврши без победник со 27-27.
Најдобар кај Охрид беше Дарко Ѓукиќ со 8 погодоци, а по четири гола постигнаа Иванковиќ и Стрмљан. По три гола запишаа Прибетиќ и Вуко Борозан. Пилиповиќ запиша осум одбрани.
Кај Алкалоид се издвои Никола Костески со шест гола од седум обиди, по четири гола постигнаа Марко Митев, Урош Борзаш и Ненад Костески. Иван Галевски имаше шест одбрани.