„Лавиците“ од Ѓорче забележаа убедлива победа со 24-16 и направија огромен исчекор кон одбраната на шампионскиот трофеј.

Натпреварот започна одлично за домашниот состав, кој поведе со 2:0, а набрзо ја зголеми предноста и на 4:1. Ѓорче Петров успешно го контролираше темпото на играта и резултатот, па во 14-тата минута имаше предност од +4 (8:4).

До крајот на првото полувреме домашните ракометарки продолжија со сигурната игра и постепено ја зголемуваа разликата.

Во 27-мата минута Ѓорче стигна и до +6 (11:5), а на паузата замина со убедлива предност од 13:6.

Во второто полувреме Ѓорче продолжи со сигурна и доминантна игра. Во 40-тата минута домаќинот направи предност од 19:9. Чаир се обидуваше да ја намали негативата, но Ѓорче беше незапирлив.

До крајот немаше поголеми промени, се играше со исто темпо, па натпреварот заврши со убедлива победа на Ѓорче со 24:16.

Најефикасни кај Ѓорче беа Ризоска и пет гола, додека кај Чаир се истакна Дамчевска и Рејеб со четири погодици.

Ѓорчепетровки се зацврстија на првото место на табелата сега со 31 бод, три повеќе од конкурентот Чаир кој е на втората позиција.