Фудбал

Килијан Мбапе ќе игра на реванш мечот против Манчестер Сити

Килијан Мбапе ќе игра на реванш мечот против Манчестер Сити

Килијан Мбапе во Реал Мадрид вредно работи на закрепнувањето од повредата на коленото, па нема дилема околу неговото учество во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, потврди тренерот на Кралевите, Алваро Арбелоа.

„Ситуацијата не е сериозна. Секој ден напредува и се движи според планот што го направивме кога одлучивме да го стопираме и кога ги изведовме тестовите. Многу добро се снаоѓа.

Нема да биде достапен утре, но уверени сме дека ќе биде подготвен да отпатува за Манчестер“, изјави Арбелоа на денешната прес-конференција.

Тренерот потоа се осврна и на дуелот против Елче.

„Пристапуваме кон оваа средба со менталитет да се бориме за титулата. Ова е клучен меч дома и сакаме атмосфера слична на онаа од средата. Нашите противници играат многу добро, подобро отколку што покажува нивното бодовно салдо. Ни го отежнаа првиот меч и подготвени сме да вложиме дополнителен напор, свесни колку е тежок противникот. Нашиот единствен фокус е победа над Елче“, изјави младиот стратег.

To top