Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до голема победа во битката за првата позиција во регуларниот дел од сезоната во Првата лига на Македонија откако славеа против ТФТ со 69-70 во меч одигран во Негорци.
Двата тима промашија по еден напад, а Ташовски му напраи фаул на Mекјуен на четири секунди до крајот на мечот.
Американецот постигна едно слободно кое беше доволно за конечен триумф од 69-70. Чарлс Гил со 14 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 21 поен на Стенли Дејвис.