Уште две злата за македонските кикбоксери на ВАКО Светскиот куп Италија во Лидо де Јосоло. Златни медали освоија Сливио Мировски и Петре Велков.
Мировски во финалето славеше против Ислам Раметов од Туркменистан, а Велков над Матеуш Гржешков од Полска.
Уште позначјано е што овие медали се во сениорска конкуренција.
Претходно денес Калин Бабоски беше поуспешен во македонското финале од Андреј Смилевски.
Сега билансот на освоени медали е 7 – 3 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.
Лоу кик
Сениори
-67 кг
Петре Велков (К1 арена) – златен
-71 кг
Силвио Мировски (Гладијатор Скопје) – златен
Помлади јуниори
-63,5 кг
1.Калин Бабоски –златен
2.Андреј Смилевски – сребрен