Познати

Од хостеса до кралица: Половина век од кралската веридба и љубов што ги скршија предрасудите

Силвија Сомерлат, во тоа време млада Германка со бразилско потекло – дама со образование и со стил, имаше само една „маана“ – не беше од благородничко аристократско потекло, што беше скоро непремостлива пречка за монархиите од тоа време… Затоа, шведскиот принц Карл XVI Густав мораше да почека да стане крал, па по смртта на неговиот дедо, за да се ожени со жената што ја сака.

Нивната љубовна приказна почна од Олимписките игри во Минхен, каде што и се запознаа – во 1972 година. Младата Германка – полиглотка која, покрај германскиот и португалскиот јазик, говореше англиски и шпански, беше ангажирана на Олимпијадата како преведувачка и хостеса, дотогаш не претпоставувајќи дека нејзината работа радикално ќе ѝ го промени животот.

Силвија била задолжена да води повеќе угледни гости, меѓу кои и 26-годишниот шведски престолонаследник, кој уште истиот ден ја поканил на состанок. И, тие „едноставно, се поврзаа веднаш“, како што тој подоцна раскажа.

Но, бидејќи дедото на престолонаследникот, тогашниот крал Густав VI Адолф не гледал со одобрување на фактот дека неговиот внук избрал жена „без сина крв“, за да не го изгуби правото да ја наследи круната, младиот принц трпеливо чекал… Кога Густав починал во 1973 година и кралот Карл го презел престолот, тој ја криел својата врска од очите на јавноста уште неколку години, а потоа ѝ предложил брак на својата сакана со вереничкиот прстен на својата мајка Сибил. Веридбата била објавена на 12 март 1976 година, а венчавката се одржала во Стокхолмската катедрала три месеци подоцна, и два дена откако Силвија добила шведско државјанство.

Инаку, двојката ја прославува 50-годишнината од својата свршувачка низ работа, бидејќи во мигов се во официјална посета на Полска.

Покрај златната годишнина од бракот, претходно, на 30 април, шведското кралско семејство го прославува и 80. роденден на кралот. Во едно интервју, кралот неодамна ја откри и тајната на својот долг, среќен брак. Тоа е едноставно, ќе рече – сопружниците амо треба да имаат посебни бањи.

Кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија имаат три деца и девет внуци. Инаку, вреди да се одбележи и што сите нивни деца избрале луѓе без аристократско потекло за свои сопружници. Крунисаната принцеза Викторија, на пр., се омажи за својот фитнес-инструктор, сега принц, Даниел. Нејзиниот помлад брат Карл Филип се ожени со шведската супермоделка и ТВ-ѕвезда – сега принцеза, Софија, додека најмладата принцеза Мадлен е во брак со американски бизнисмен. Кристофер О’Нил ја одби титулата принц.

Најнови вести од Познати

To top