Свет напад

Отворен оган врз ирански брод што премногу се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“

Американските сили отвориле оган врз ирански брод што премногу се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“, објавуваат светските медиуми повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Инцидентот се случил пред неколку дена, а засега нема информации за судбината на иранскиот брод и екипажот.

Според истите извори, одбраната на носачот на авиони прво дејствувала со оган од палубни топови, но целта не била погодена. Притоа не е појаснето дали се работело за предупредувачки истрели. Потоа во акцијата се вклучил хеликоптер, погодувајќи го иранскиот брод со две ракети.

Разурнувачите „Спруанс“ и „Мајкл Марфи“ се дел од ударната група на носачот на авиони во Арапското Море, заедно со шест разурнувачи што оперативно дејствуваат во регонот со наведувани ракети.

Според податоците на Централната команда на оружените сили на САД, од почетокот на конфликтот со Иран американските сили оштетиле или уништиле повеќе од 90 ирански пловни објекти.

To top