На синоќа одиграните први натпревари од осминафиналето од УЕФА Конференциската лига повеќе радост имаа гостите, кои на половина од дуелите постигнаа победи, додека два натпревара завршија со триумф на домашни екипи и два без голови.
Победите на гостински терен на Шахтјар, Стразбур, Рајо Ваљекано и на АЕК им обезбедува убава предност и можност за пласман во четвртфиналето.
Резултати на првите осмина финални натпревари:
АЗ – Спарта Прага 2:1
Лех – Шахтјар 1:3
Риека – Стразбур 1:2
Самсунспор – Рајо Ваљекано 1:3
Цеље – АЕК 0:4
Кристал Палас – АЕК Ларнака 0:0
Фиорентина – Раков 2:1
Сигма Оломуц – Мајнц 0:0
Реванш натпреварите се играат на 19.март.