Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија У-20, Александар Таневски истакнува дека победата на Македонија над селекцијата на Лихтенштајн од 1:о е заслужена.
-Горд сум на момците за дисциплината, карактерот и односнот кон дресот на Македонија. Одиме чекор по чекор, како тим, напиша Таневски на Фејсбук.
Репрезентацијата до 20 години и во вториот контролен настап забележа победа, овој пат на домашен терен совладувајќи го Лихтенштајн.
Натпреварот беше решен во 34. минута кога по нафрлената топка од корнер пред противничкиот гол најснаодлив беше Лука Атанасовски кој го постигна единствениот погодок.