Познати почина на 58 години

ФОТО: Познатите се простуваат од Кили

ФОТО: Познатите се простуваат од Кили

Македонската јавност со тага и неверување ја дочека тажната вест за смртта на познатиот македонски актер Кирил Поп-Христов, кој почина на 58-годишна возраст во Еквадор, каде што живееше последните години.

Кирил Поп-Христов во Еквадор се пресели во 2014 година заедно со неговата сопруга, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, и нивната ќерка Јоана. И покрај тоа што беше далеку од татковината, тој остануваше актуелен преку своите објави на социјалните мрежи, кои ги растажуваа неговите бројни колеги, пријатели и обожаватели во Македонија кои му пишуваа дека им недостига.

Познатите денес со емотивни пораки на социјалните мрежи јавно се простија од него:

Актерката Весна Бејби Петрушевска…

– Ах бе Кили Будалче.

Младата пејачка Теа Трајковска…

– Уште една легенда нѐ напушти . R.I.P Кили ќе останеш запаметен како ретко фациште.

Миа Костова…

– Летај, легендо Кили.

 

Пејачката Каролина Гочева…

– Светол пат Кили.

 

Пејачката Тамара Тодевска…

– Почивај во мир драг Кили.

Пејачот Дарио Панковски…

-Кили друже драги, секогаш кога ќе се видевме ми се обраќаше со “Па где си принче мој!”. Е па Принче мој од Недојдија илити My Prince from Neverland, сега летај насмеан и слободен низ својата замислена земја, затоа што ти не беше роден за овој свет, а уште помалку за оваа земја. 🖤 Нека ти е вечна слава.

Ранко Петровиќ – Бубамара…

Почивај во мир драго мое другарче – будалче. Поминавме многу златни бубамари, радио емисии, проби…Се течеше лесно и многу забавно, беше вистински принц на уметноста и крал на својота професија. За секоја радио емисија или настап на Златна Бубамара ќе се сеќаваме со радост , ќе те памтиме како другар кој го ширеше добрио дух во градот. За сите што те познававме, ќе ни остане спомен дека сме имале можност да се дружоме со уникатен, шармантен и многу добар човек. Почивај во мир.

Кирил беше еден од македонските најпознати и најталентирани актери, со галерија на генијални улоги во македонски театарски претстави и филмови, кои оставија незаборавен белег во домашната култура. Веста за неговото заминување предизвика реакции на тага и почит од уметничкиот свет.

Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили ќе биде погребан во местото Мангларалто во Еквадор, каде што живееше изминатите години.

Најнови вести од Познати

To top