Хроника

Автомобил излета во тетовско, повредени три лица

Автомобил излета во тетовско, повредени три лица

На 11.03.2026 во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ. и Љ.Џ. од с.Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

To top