Нов ден, нова дегутантна прес-конференција на СДС со која урнебесната марихуанотворна партија го допре подрумот на дното. Пак.
Лоша навика на кујната од Бихаќка, која стана мајстор за подготовка и лиферација на дегутантни повраќаници.
Во продолжение видете една од антологиските по мизерија прес-конференции, мега-хејтерско и излетано од колосек соопштение набрзинка склепано од тандемот Фрчко & Шмрчко, „четиво за над 18“ кое беше очебијно дека и на Богданка и беше срам што го чита. Се гледаше по фацијалната и’ експресија и зборовите кои со мака, на „гурање“ излегуваа од неа.
Лага до лага, тони малиоциозност, се’ извадено од контекст, океани пакост во комбинација со фејк-наративи, релативизации и многу-многу злоба предизвикана од претстојното, заслужено групно „свирење клавир“ на голем дел од врхушката на партијата, кои ќе свиреле по нотите од забаталените/скриени и прашиносани предмети за висока корупција по фиоките на ЈО кои некој каде и да е ќе ги извадел на светлото на денот.
Со еден збор.
Mизерија.