Македонија статистика

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44

Жените во последните дваесетина години во просек се подоцна го раѓаат првото дете. Во 2014 година на 26,6 години и 25 години во 2004 година.

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44

Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година. Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет години, исто така, се намалува и се движи од 1,52 во 2004 и 2014, на 1,49 во 2023 и 1,44 живородени деца по жена во 2024 година.

Ваквата стапка на фертилитет е значително под нивото од 2,1 живородени деца по жена потребно за природна обнова на населението, со што Европа, а и нашата земја веќе влегуваат во сериозни демографски предизвици.

Податоците од Евростат за фертилитетот покажуваат дека на ниво на ЕУ, најниска стапка на фертилитет во 2024 година има Малта – 1,01, а највисока во Бугарија – 1,72.

Printscreen / Eurostat

Просечната возраст на жените при раѓањето на нивното прво дете во ЕУ во 2024 година е 29,9 години, и се движи од 26,9 во Бугарија до 31,9 во Италија. Во Македонија жените првото дете во просек го раѓаат на 27,8 години.

Printscreen / Eurostat

Жените во последните дваесетина години во просек се подоцна го раѓаат првото дете. Во 2014 година на 26,6 години и 25 години во 2004 година.

Во 2024 година, Бугарија забележа највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ со 1,72 живородени деца по жена, по што следуваат Франција со 1,61 и Словенија со 1,52. Спротивно на тоа, Малта имаше најниска стапка на фертилитет од 1,01 живородени деца по жена, заедно со Шпанија со 1,10 и Литванија со 1,11.

Податоците на Евростат покажуваат дека речиси два пати помалку деца се родени во ЕУ во 2024 година отколку пред шест децении.

Printscreen / Eurostat

Во 2024 година, во ЕУ се родени 3,55 милиони деца, што одговара на груба стапка на наталитет (бројот на живородени на 1000 лица) од 7,9. За споредба, грубата стапка на наталитет во ЕУ била 10,5 во 2000 година, 12,8 во 1985 година и 16,4 во 1970 година.

Во Македонија бројот на живородени деца е во постојан пат од 1960 кога се родиле 44 095 деца, 37 862 во 1970, 35 401 во 1990, на 29 308 во 2000, 24 296 во 2010 година и 19 031 во 2020 година, на рекордно најниските 16 061 во 2024 година. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top