Останати спортови

Светските првенства во одбојка од 2027 ќе бидат под името Светски куп

Светските првенства во одбојка од 2027 ќе бидат под името Светски куп

Административниот одбор на Меѓународната одбојкарска федерација донесе одлука светските сениорски првенства во машка и женска конкуренција да се одржуваат под името Светски куп.

Во исто време, досегашните натпреварувања под името Светски куп, кое последен пат се одржа во 2019 година, како и Светскиот куп на шампионите, одигран последен пат во 2017 година, заминуваат во историјата.

Новото име ќе се користи за прв пат на XXI турнир за одбојкарки, кој ќе се одржи во САД и Канада во 2027 година, како и на XXII турнир во машка конкуренција, чиј домаќин истата година ќе биде Полска.

To top