Фудбалерите на Баер Леверкузен може да жалат што одиграа само реми 1-1 на домашен терен против Арсенал во првиот натпревар од осминафиналниот меч во Лигата на шампионите.
Домаќините подобрата игра ја материјализираа со погодокот за 1-0 на Андрих на стартот на вториот дел во 46. минута.
Сепак, топчиите успеаја повторно да се извлечат сезонава откако Каи Хаверц од пенал израмни на 1-1 во 89. минута.