Замислете млада жена што верува во љубов толку силно што е подготвена да го жртвува целиот свој свет. Тоа е приказната на Чо-Чо-Сан, нежната „пеперутка“ што ја очекува љубовта која можеби никогаш нема да се врати, соопшти НУ Национална опера и балет.
Многумина што првпат гледаат оперска претстава веруваат дека таа е далечна, формална или тешка за разбирање. Но, вистината е дека некои опери се толку човечки и емотивни, што засекогаш остануваат во сеќавањето. Токму таква е „Мадам Батерфлај“.
🦋 Љубов, надеж и жртва.
МАДАМ БАТЕРФЛАЈ / MADAMA BUTTERFLY – Giacomo Puccini
📆13.3.2026 – 19.30 ч.☎️Билетарница: 078…
Posted by Nacionalna opera i balet – National Opera & Ballet on Wednesday, March 11, 2026
Кога Пучини ја открил оваа трагична приказна, знаел дека во неа има нешто што длабоко ќе ја допре публиката. И денес, повеќе од еден век подоцна, секоја изведба ги буди истите емоции на љубов, надеж и болка.
📆13.3.2026 – 19.30 ч.
☎️Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451
➡️Онлајн: https://t.ly/Madama.Butterfly13.03.26
Публиката ширум светот ја опишува оваа опера како една од најтрогателните во историјата, музика што ве остава без здив и приказна што долго останува во мислите, соопшти НУ Национална опера и балет.
Диригент: Мирон Михаилидис (Грција)
Режисер: Александар Текелиев (Бугарија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Лира Грабул
Асс. диригент: Катерина Стојковска
Асс. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Концерт-мајстор:
Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Анастасија Грговска
С О Л И С Т И:
Чо Чо Сан: Сандра Митровска
Пинкертон: Зоран Сотиров
Шарплес: Педро Кариљо
Сузуки: Марика Поповиќ
Горо: Исмет Вејсели
Бонзо: Невен Силјановски
Јамадори: Игор Гиновски
Кејт Пинкертон: Соња Пендовска Мадевска
Мајката на Чо Чо Сан: Валентина Димитриевска
Синот на Чо Чо Сан:
Комесар: Марко Димовски
Офицер: Марко Гапо
Слуга: Дарко Станојловски , Борко Биџовски
Морнар: Филип Мирчевски, Никола Чедомировски
Самураи: Шинаси Рамдан, Васко Здравков
Јакусиде:
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Катерина Бошковска
Суфлер: Невена Георгиева