Тој е еден од оние рокери кои кариерата ќе ја започне „на стари години“, кога дури во 31-вата ќе стане пошироко познат и популарен како основач на тогаш рок дуото „Нон Стоп“, кога со гитаристот Дарко Тасев во 2000-итата ќе се појават на „Макфест“ со темата „Без мудрости“.

По неколку години соработка тие двајца ќе се разделат, но тој ќе го задржи правото на името на бендот кој ќе стане вистинска петчлена рок група што ќе снима песни и издава албуми. Нивните клубски свирки стануваат вистинска атракција, па „Нон Стоп“ со години и децении остануваат еден од најбараните бендови.

Паралелно со нивните настапи се редат нови песни, од кои повеќето стануваат хитови, кои се широко прифатени од публиката како: „Сам“, „Човек – ѕвер“ , „Голем одмор“, „По навика“, „Тотално луд“… со што ја крунисуваат популарноста со концерт во тогашната „Универзална сала“.

Со екипа на свои музички пријатели, (Валентино Скендеровски, Димитар Кочев, Дарко Тасев, Горан Станковиќ – Црни, Влатко Икономов – Хистер и Марија Костова) бендот издава мултиетничкото цеде, симболично насловено Multivitamine music projekt, на кое ќе се најдат дванаесет нови песни (специјално направени за ваква, многуетничка намена) – по две на јазиците на кои се зборува во Македонија: македонски, албански, српски, турски, ромски, влашки јазик, од кои хит ќе стане песната„Совршен ден“.

Во 2003 година Нон Стоп го објавува синглот „Биди ми брат, биди ми френд“, која ќе биде и една од ударните теми на популарната детска ТВ-серија „Наше маало“.

Тој со Златко Ориѓански години подоцна ќе снимии еден тотално поинаков албум насловен „Добро утро госпоѓо“ , со сосема поразлична музика од онаа која цел живот ја изведува како заколнат рокер, но ќе покаже дека одлично умее да плива и во сосема поинакви музички води, во жанр каков што донесе таа новосоздаедена староградско-чалгаџиска музичка приказна.

Како син на еден од еминентните новинари и уредници во редакцијата , а подоцна и Програмата на албански јазик во МРТВ, ќе научи многу нешта за политиката, но и ќе мора да се соочи со нејзините скриени стапици и бремето кое на свој грб ќе го носи како наследство од татко му.

Можеби затоа и самиот ќе влета во истата таа политика, за на претпоследните локални избори како независен кандидат за градоначалник на македонската престолнина, да проба да ги промени нештата и според сопствената визија да направи Скопје да стане поубаво место за живеење. Во тркате нема да успее да победи, но затоа пак ќе им ги поремети плановите на многумина, „загризувајќи“ доволно големо парче од политичкиот колач.

Подоцна, по еден неуспешен обид, ќе стане и директор на Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје, функција што ја извршува до ден денес, обидувајќи се култното собиралиште на креативаната и уметнички ориентирана младина да го направи уште поубаво, подобро и подостапно за уметниците, но и за сите прогресивни млади луѓе.

За почетоците, падовите и растежите во музичката кариера, за идолите од младоста, за музицирањето и пеењето, за бендот, неговото фунционирање и релациите со членовите, но и со колегите од естрадата, за домашната поп-рок сцена,односот на државата и медиумите кон естрадните уметници, за пријателите и душманите…

За татко му Хисен, сестра му Нора и семејството, за политиката и неговите политичките авантури во неа, за МКЦ, отпорот кон неговиот избор и директорувањето, за сопругата, синовите и неговото музичко влијание на нив…

И за уште илјада и една знаена и незнаена работа, во новото издание на „Ништо лично“ „по навика“ зборува уште еден поткаст гостин со богата биографија, рокерот Арбен Бени Шаќири.
Премиерата оди вечерва, среда, 11-ти март со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (
Фото: Инстаграм/arben_beni_shaqiri