Скопје РЦУК

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода

Причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа.

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода

Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа.

Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, од 9 до 13 часот дел од корисниците на ул.„Шидска“ кај менувачницата Срна во оштина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот дел од корисниците на ул.„Тодор Чангов“ 30 и 38 во општина Аеродром, а од 11 до 13 часот, дел од корисниците на ул.„Ѓорчи Динката“ кај Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Кисела Вода

Теми на денот

To top