Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром , неславно, го заврши својот настап сезонава во регионалната кошаркарска АБА2 лига. Во четири порази и исто толку победи, МЗТ заврши 10-ти во конкуренција на 16 екипи и не обезбеди пласман во плеј-офот.
МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостувањето кај Широки Бријег со 111-109 по две продолженија.
Пласман во „ТОП-8“ обезбеди вице-првакот ТФТ заврши како седми и ќе игра против второ пласираната екипа на Златибор.
Четвртфиналето ќе се игра во два добиени натпревари, а првите дуели според распоредот се на 17 и 18 март.