Екипите на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид уште од сега може да сметаат дека ќе играта во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Барселона ќе мора да се помачи во реваншот со Њукасл. Ова е епилогот по првите осминафинални дуели во елитното натпреварување, одиграни вечерва.
На гостувањето во Бергамо, кај Аталанта, фудбалерите на минхенски Баерн славеа убедливо со 1-6. Головите за Баерн ги постигнаа: Станишиќ (12.минута), Олисе (22) и Гнабри (25) во првиот дел. Во второто полувреме стрелци за Германците беа Николас Џексон (52), Олисе повторно (64) и Џамал Мусиала (67). Почесниот гол за домаќините го постигна Марио Пашалиќ во судиското дополнение (93.минута).
Повеќе од јасно е дека реваншот на „Алијанц арена“ во Минхен ќе биде само чиста формалност и дека Баерн ќе биде дел од ТОП-8.
Во Мадрид, тимот на Атлетико славеше убедливо со Тотенхем со 5-2.
Шпанскиот тим победата ја најави во воведните 22 минути кога веќе направи три гола предност. Љоренте, Гризман, Алварез и Ле Норманд донесоа предност на Атлетико од 4-0.
Аргентинецот Алварез постигна уште еден гол во вториот дел. Поразот го ублажија Поро и Соланке со головите во 26-тата односно 76-тата минута.
Баерн и Атлетико со убедливи победи, Барса се спаси од пораз од Њукасл (ВИДЕО)
Екипите на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид уште од сега може да сметаат дека ќе играта во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Барселона ќе мора да се помачи во реваншот со Њукасл. Ова е епилогот по првите осминафинални дуели во елитното натпреварување, одиграни вечерва.
На гостувањето во Бергамо, кај Аталанта, фудбалерите на минхенски Баерн славеа убедливо со 1-6. Головите за Баерн ги постигнаа: Станишиќ (12.минута), Олисе (22) и Гнабри (25) во првиот дел. Во второто полувреме стрелци за Германците беа Николас Џексон (52), Олисе повторно (64) и Џамал Мусиала (67). Почесниот гол за домаќините го постигна Марио Пашалиќ во судиското дополнение (93.минута).
Повеќе од јасно е дека реваншот на „Алијанц арена“ во Минхен ќе биде само чиста формалност и дека Баерн ќе биде дел од ТОП-8.
Во Мадрид, тимот на Атлетико славеше убедливо со Тотенхем со 5-2.
Шпанскиот тим победата ја најави во воведните 22 минути кога веќе направи три гола предност. Љоренте, Гризман, Алварез и Ле Норманд донесоа предност на Атлетико од 4-0. Аргентинецот Алварез постигна уште еден гол во вториот дел. Поразот го ублажија Поро и Соланке со головите во 26-тата односно 76-тата минута.
1/18 финале – прв натпревар (вторник)
Втората англиско-шпанска пресметка беше многу понеизвесна. Во неа фаворизираната Барселона се спаси од пораз од Њукасл во судиското дополнение со гол од пенал.
Англискиот тим заслужени да победи бидејќи беше подобар противник. Големата радост на домашните навивачи ја донесе Херви Барнс во 86-тата минута за водство од 1-0.
Кога сите на „Сент Џејмс Парк“ очекуваа триумф на Њукалс, Малик Тио направи „глупост“ во во казнениот простор го собори Олмо, по што беше досуден пенал. Сигурен реализатор беше Јамин Јамал за конечни 1-1.
Потсетување дека во првиот денешен натпревар, во Истанбул, Галатасарај го совлада Ливерпул минимално со 1-0 и најави интересен реванш.



