СДС повторно играат на картата дека македонскиот народ има меморија на златна рипка. 3 секунди и толку. За нивна жал, дека не е така македонските граѓани покажаа на последните 4 избори, а ќе покажат и на следните.
Не дека сознанието ќе ги спречи пи-арџиите со бели носиња од иљачот на Шмрчко да не прават нови глупоштии и да не продаваат демагогии.
Така и денеска, северните популисти побараа, ни помалку ни повеќе, владата веднаш да ги намали цените на горивата.
Денеска, цената на дизелот е 85.5 денари, на бензинот е 79.5. Имаме меѓу најниските цени во регионот и Европа, во време кога целиот свет е потресен од војната во Иран.
За споредба, кога СДС беше на власт, немаше војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ стигна до неевројатни 107.5 ДЕНАРИ, А бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари, БС-98 цели 112 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29. 839 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43. 050 денари, сега е над 45.000 денари.
Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари, во 2026-та изнесува 24.379,00 денари.
Чуму тогаш, пред цели 4 години со понизок стандард, минимална и просечна плата помала (сега пандан на тогашната цена би биле над 150 денари за литар дизел според промените во просечната и минималната плата) владата на СДС не ги намали цените за своите граѓани, туку забега и не’ убедуваше дека корона било и не мора толку да возиме?
Среде корона, во која последни во свет добивме вакцини и бевме рекордери по смртност? Во исто време кога Филипче и другарчето Заев се возикаа со БМВ К1600 моторите од 30 и кусур илјади евра?
Рекордните цени на СДС се од 6 јуни 2022 година.
И не, немаме меморија на златна рипка, вие ја имате истата…
Погледнете ги цените денеска во другите држави во регионот:
Грција – 109.83 денари (1,78 евра).
Албанија – 111,06 – 121.55 денари (1,8- 1,97 евра).
Словенија – 94.4 денари (1.53 евра).
Косово – 94.55 денари (1,55 евра).
Хрватска – 106.12 денари (1,72 евра).
Србија – 106,74 денари (1,73 евра).
БиХ – 86.38 денари (1,4 евра).
Бугарија – 88,23 денари (1,43 евра).


