Познати во јавноста се појавија и шпекулации

Илајџа Вуд: Никој друг нема да го игра Фродо додека сум жив и способен

-Ни јас не би сакал некој друг да го игра ликот на Фродо додека сум жив и способен. Но како фан, возбудливо е да се замисли момент во кино кога камерата ќе се сврти, а под шеширот ќе се појави Гандалф, изјави глумецот. 

Илајџа Вуд: Никој друг нема да го игра Фродо додека сум жив и способен

Глумецот Илајџа Вуд  изјави дека би сакал никој друг да не му ја преземе улогата за ликот Фродо Багинс додека тој е „жив и способен“. Вуд стана светски познат преку главниот лик хобит во трилогијата што ја режираше Питер Џексон , а подоцна ја повтори улогата и во филмот „ Хобитот: Неочекувано патување“ “.

Според информации од филмската индустрија, постои можност повторно да се појави во новиот филм „Господарот на прстените: Потерата по Голум“ („The Lord of the Rings: The Hunt for Gollum“). Дејството во филмот што е режирано од Енди Серкис, ќе биде сместено меѓу настаните од „Хобитот„ и „Господар на прстените.

Глумецот Ијан Мекелен претходно навести дека би можел повторно да го игра волшебникот Гандалф, додека пак во јавноста се појавија и шпекулации за враќањето на Вуд.

– Постои добра шанса тоа да се случи. Не можам ништо официјално да кажам додека не се објави, но можам да кажам дека идејата за нов филм многу ме радува“, изјави Вуд за „Тaјмс“. Фановите се особено заштитнички настроени кон светот на „Меѓуземје“, додаде тој.

Глумецот покажа разбирање кон желбата на неговиот колега Мекелен, нагласувајќи дека одлично го разбира.

-Ни јас не би сакал некој друг да го игра ликот на Фродо додека сум жив и способен. Но како фан, возбудливо е да се замисли момент во кино кога камерата ќе се сврти, а под шеширот ќе се појави Гандалф, изјави глумецот.  (МИА)

Најнови вести од Познати

To top