Бразилскиот репрезентативец Алисон беше дел од последниот тренинг на Ливерпул но поради непријатност кон крајот на тренингот тој го напуштил тренинг центарот.
Неговата замена Грузиецот Горѓи Мамардашвили се очекува да биде на голот на почетокот на натпреварот, а негова замена ќе биде Фреди Вудман.
Според информациите не е позната тежината на повредата на Алисон и секако дали ќе биде подготвен за неделниот дуел од Премиер лигата против Тотенхем.
Алисон оваа сезона веќе имаше пауза поради повреда на мускулот, која ја доби на дуелот од Лигата на шампионите во Истанбул против Галатасарај од групната фаза кога „црвените“ загубија со 1:0 на 30.септември 2025 година.